Сирија го празнува Рождеството Христово

Антиохиската Црква, како и другите христијански деноминации, торжествено го прославија Рождеството Христово во повеќето градови во Сирија, јавуваат сириските новински агенции. Неговата Светост, Антиохискиот Патријарх и на целиот Исток г.г. Јован X, богослужеше во соборната црква на Пресвета Богородица во Дамаск.

Божик во Дамаск
Божик во Дамаск
Божик во Дамаск
Божик во Дамаск

По богослужбата, Патријархот прими високи претставници од другите христијански и нехристијански деноминации, а оствари и средба со Министерот за верски прашања во владата на Претседателот Башар ал-Асад, г. Мухамед Абдул-Саттар ал-Саид и поголема група муслимански теолози.

Најсимболична беше прославата во Халеп (Алепо), градот кој стана симбол на современото новомачеништво и новоисповедништво на сириските христијани. Годинава, прославата на Рoждеството Христово се совпадна со годишнината од ослободувањето на градот од терористите на т.н. „Исламска држава“. Реките деца облечени како Дедо Мразовци по улиците на Халеп, макар световно, ја доловуваат вечната радост што Христовото Раѓање му ја дари на човештвото.

Божик во Халеп
Божик во Халеп

Редакцијата на Дојче Веле подготви и видео-разгледница од Хомс.

Сирискиот град Хомс му покажа на светот каков треба да биде божикниот дух.

Ако мислевте дека прославувањето на Божик во Сирија е невозможна мисија, размислете повторно.

Извор: Антиохиска Патријаршија, Сирија Тајмс, Дојче Веле

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz