Оваа недела (22 јуни 2014г.) ќе започне четвртата по ред Седмица на Светото Писмо.
Тема за оваа година:
НЕМА ИЛИ ИМА излез од ограниченоста на овој и ваков свет?
Програмата е следна:
Термин | Локација | Предавач / Воведничар | Тема |
---|---|---|---|
Недела, 22.06.2014 19:00 |
Музеј на Македонската борба, Скопје | Презвитер м-р Ивица Тодоров | Свечено отварање и промоција на книгата „Евангелска катихеза“ од Петко Златески и Валентина Крстевска |
Понеделник, 23.06.2014 18:30 |
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ | г. д-р Наум, Митрополит Струмички | „Патот на спасението како единствен излез од ограниченоста на овој свет со злото, гревот и смртта“ |
Вторник, 24.06.2014 18:30 |
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ | презвитер Горан Стојчевски, презвитер м-р Ивица Тодоров и претставници од Христијанскиот младински ангажман „Правец“ | „Младиот човек од 21 век и неговиот однос кон духовноста, Црквата и Светот Писмо“ |
Среда, 25.06.2014 18:30 |
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ | презвитер м- р Ивица Тодоров | „За промислата Божја како водство и излез во личниот и општествениот живот“ |
Четврток, 26.06.2014 18:30 |
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ | архимандрит Дамаскин Лесновски | „За подвижничкиот живот во денешниот обезбожен свет“ |
Петок, 27.06.2014 18:30 |
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ | презвитер Горан Тасески и презвитер Никола Николески | Прикажување на филмот посветен на св. архиеп. и лекар Лука Војно – Јасенецки и дискусија на тема „Светоста како Излез“ |
Сабота, 28.06.2014 18:30 |
Сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ | презвитер Игор Калпаковски, д-р Милан Ѓорѓевиќ, д-р Здравко Савевски, д-р Александар Спасеноски | Трибина: „Вистината и вредностите запишани во Светото Писмо како излез за општествените духовни, етички, социјални и идеолошки кризи и проблеми“ |
Недела, 29.06.2014 19:00 |
Музеј на Македонската борба | презвитер Горан Стојчевски, презвитер м-р Ивица Тодоров и претставници од Христијанскиот младински ангажман „Правец“ | Свечено затварање на Седмицата и промоција на стихозбирката „Барајќи го Зборот“ на д-р Коста Милков |
Организаторите ги покануваат сите заинтересирани да дојдат и да земат учество во дискусиите и трибините.
Оставете коментар
Започнете дискусија!