Неколку интересни факти за св. Спиридон Чудотворец

Св. Спиридон Чудотворец

Денес Црквата го празнува споменот на светиот чудотворец Спиридон, епископ Тримитунски. Еве неколку интересни факти од неговиот живот и чуда:

1. Св. Спиридон бил родум од Кипар, побожен овчар, оженет и имал една ќерка, Ирена. По упокојувањето на неговата сопруга, и тој и ќерка му се замонашиле.

2. За епископ бил поставен во Тримитус, град во областа Ларнака, на Кипар.

3. Учествувал на Првиот вселенски собор каде неговата улога била пресудна за победување на ариевската ерес, каде што, исто така, успеал да победи а потоа и да покрсти еден пагански филозоф.

4. Кога Арапите го поробиле Кипар, неговите мошти биле ископани и пренесени во Константинопол, каде виделе дека моштите му се нетрулежни и благоухани. Кога во 1453 Турците го завзеле Цариград, моштите повторно му биле пренесени на островот Крф, каде и денес почиваат.

5. Секоја година на Велика сабота неговиот кивот се вади од црквата и со свечена литија поминува по улиците на Керкира, главниот град на островот. Мноштво луѓе од целиот свет прибегнува пред неговиот свет кивот за да испроси благослов и исцеление.

6. Св. Спиридон традиционално се смета за заштитник на занаетчиите (најмногу на чевларите и грнчарите).

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz