Навечерие на Рождество Христово: Царски часови

Царски часови икона на Благовештение

Во Навечерието на Рождеството Христово – Бадник, наутро се служат Великите (наречени и Царски) часови. Кога Божик се празнува во сабота или недела, оваа служба се пренесува во петок наутро.

на првиот час

303 зач., Евр. 1,1-12

Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците, во последниве дни ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сè, преку Кого ги создаде и вековите и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото суштество, и држејќи сè со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на величието во висините и стана толку погорен од ангелите, во колку пославно име од нив наследи. Зашто кому од ангелите му рекол некогаш: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес”, и пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Он ќе ми биде Син?” Исто така, кога Го воведе Првородниот во вселената, рече: „Да Му се поклонат сите ангели Божји!” За ангелите, пак, е речено: „Ти ги правиш ангелите Свои духови, и служителите Свои оган пламенен”, а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен” и „Жезалот на правдата е жезал на царството Твое. Тебе Ти омиле правдата, а омрзна беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со елеј на радоста повеќе од Твоите соучесници”. И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека; ќе ги свиткаш какок наметало, и тие ќе се изменат: но Ти си секогаш Ист, и Твоите години нема да се свршат”.

2 зач. Мт. 1,18-25

Раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти. Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: „Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.” А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели: „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

на третиот час

208 зач., Гал. 3,23-29

Браќа, пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата, која имаше да се открие. И така, Законот беше за нас воспитувач во Христа, за да се оправдаме преку верата; а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач. Оти сите сте синови Божји преку верата во Христа Исуса; сите, што е крстивте во Христа, +во Христа се облековте. Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса. А, ако сте, пак, вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници.

5 зач. Лк. 2,1-20

Во тие дни излезе заповед од ќесарот Август за попис на сите жители. Тоа беше прв попис за управувањето на Квириниј во Сирија. И отидоа сите да се запишат, секој во својот град. Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, за да се запише со Марија, свршената за него жена, која не беше празна. А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди. Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, оти за нив немаше место во гостилница. Имаше пастири во тој крај, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо. И одеднаш се јави ангел Господов меѓу нив и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. А ангелот им рече: „Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ; и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец, како лежи во јасли.” И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: Слава на Бога во висините, а на земјата +мир и меѓу луѓето добра волја! Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа помеѓу себе: „Да отидеме во Витлеем и да видиме што станало таму, за кое ни соопшти Господ.” И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосифа, и Младенецот како лежи во јасли. А штом видоа, кажаа сè што им беше речено за Тоа Дете. И сите, што чуја, се восхитуваа на сето она што им расправаа пастирите. А Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое. И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Бог за сè она што чуја и видоа, како што им беше речено.

на шестиот час

304 зач., Евр. 1,10-2,3

Во почетокот Ти, Господи, си ја основал земјата, а и небесата се дело на Твоите раце; тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека; ќе ги свиткаш какок наметало, и тие ќе се изменат: но Ти си секогаш Ист, и Твоите години нема да се свршат”. А накого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна стрна, дури непријателите Твои не ги ставам во подножјето на нозете Твои”? Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението? Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она, што го чувме, па да не би некако да отпаднеме. Оти, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна отплата, како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение, кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него?

3 зач. Мт. 2,1-12

А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирода, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа: „Каде е новородениот Цар Јудејски? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.“ Штом го чу тоа, цар Ирод се уплаши и целиот Ерусалим со него. И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги праша: „Каде треба да се роди Христос?” А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот: „И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; оти од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе мојот Мојот народ – Израилот.” Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и дозна од нив точно за времето, кога се појавила ѕвездата, па, испраќајќи ги во Витлеем, рече: „Отидете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да отидам и јас да Му се поклонам.” Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото, каде што беше Младенецот. А кога ја видоа ѕвездата, тие се зарадуваа со многу голема радост. И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна. И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.

на деветтиот час

306 зач., 2,11-18

Оној, што осветува, и оние, што се осветуваат, сите се од Еден; и затоа не се срамува да ги нарече браќа, велејќи: Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, насред црква ќе Те воспеам. И пак: „Јас ќе се надевам на Него”. И одново: „Ете Ме мене и децата Мои, што Ми ги даде Бог”. А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот; и да ги избави оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство. Оти, навистина, не од ангели прими природа, а од потомството на Авраама прими; затоа должен беше во сè да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите народни. Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.

4 зач. Мт. 2,13-23

А штом си отидоа мудреците, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.” И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет. И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.” Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше узнал од мудреците. Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Јеремија, кој говори: „Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема.“ А по смртта Иродова му се јави на Јосифа насон во Египет ангел Господов и му рече: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, и отиди во земјата Израелева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.” Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата Израилева. Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; и откако доби вест в сон, тој замина во пределите Галилејски. А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни кажаното преку пророците дека Он ќе се нарече Назареец.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz