Кога се бориме со блудните помисли

Монах

Кога се бориме со блудните помисли, треба да се однесуваме како човек кој минува покрај кафеана, и кој го чувствува мирисот на месото што се приготвува, и до него допира чадот од скарата; ако сака да влезе во кафеаната, тој е слободен да влезе и да се нагости, дури и да се прејаде, но оној што не сака да го стори тоа, не ѝ обрнува внимание на миризбата и продолжува по пат. Дури и да завладее со него моментална глад, да му се лачи плунка и да му завие стомакот, тој продолжува и не се осврнува назад. Така треба да прави и човекот што се бори против блудните помисли: нека бега смрдеата на лошите помисли, нека стои на молитва велејќи: „Сине Божји, помогни ми“. Ова важи и за сите други помисли.

од Старечникот

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz