Грузискиот Патријарх назначи свој местобљустител

Се знае името на епископот, кој во случај на оставка на Патријархот, смрт или некои други причини, до избирањето на нов Католикос-Патријарх, ќе управува со црковните работи. За патријаршиски местобљустител е назначен митрополитот Сенакски и Чхороцкуски Шио (Муджири), соопштува ИА REGNUM.

Патријархот Илија II го објави името на својот местоблјустител на 23 ноември – на денот на Св. Георгиј, кој во Грузија официјално е државен и неработен празник.

Митрополит Шио

Митрополитот Шио (р. Елизбар Муджири) е роден на 1 февруари 1969 г. во Тбилиси. Завршил средно музичко училиште. Во 1988 г. се запишал на Тбилискиот државен конзерваториум на виолончело. Во првата одина од конзерваториумот победил на републиканскиот конкурс на виолончелисти. Но, во 1991 г. решава да се посвети на Црквата и станува послушник во манастирот Шиомгвиме.

На 5 февруари 1993 г. пострижен е во монашки чин со името Шио. Во 1998 г. Шио ја завршува Батумската духовна семинарија, а подоцна – вонредно завршува на Московската Духовна Академија. Во 2003 е ракоположен за епископ, а од 2009 г е поставен за управител со сите грузиски парохии во Австралија. Од 2010., како митрополит, е назначен за член во Комисијта за канонизации во Грузиската Црква.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz