Флешмоб во Дарвиновиот музеј во Москва

Минатата недела (17 март) православни активисти извршија флешмоб во московскиот Дарвинов музеј расфрлувајќи флаери со креационистички слогани и поставувајќи знаме на коешто пишува „Бог го создаде светот“ на кровот на музејот.

Настанот, организиран од движењето „Божја Волја“ бил наводно спроведен за да се одбележи 7 522-та година од создавањето на светот. Според официјалната веб страна на групата, движењето се бори „да ги спроведе Христовите заповеди преку граѓански активизам“.

Еден од учесниците во флешмобот, Дмитриј Цорионов на неговиот твитер акаунт напишал: „Шах-мат, атеисти! 7 522 лета од создавањето на светот, креационисти го запоседнаа Дарвиновиот музеј!

Според очевидци, по завршувањето активистите ги собрале преостанатите флаери расфрлани по подовите на музејот.

Ова не е прв пат активистите на „Божја Волја“ да преземаат радикални чекори. Минатиот август директорот на Московскиот музеј за еротска уметност пријавил дека „православни милитанти“ упаднале во музејот држејќи цигла и Библија.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz