Зошто одиме на бајачи?

И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов, зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението. И рече Исус: „Кој се допре до Мене?” А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: »Кој се допре до Мене?«“ Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.” Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. А Он ѝ рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!” Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го учителот!” Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!” А кога пристигна во куќата, никому не му позволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката. Сите плачеа и ридаа по неа. Но Он им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.” И му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена. А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!” И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ѝ дадат да јаде. И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никому да не кажуваат за тоа што стана.

Лука 8:41-56

Говори: Отец Игор Здравковски
Извор: Куманово Денес

Оставете коментар

1 Comment on "Зошто одиме на бајачи?"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Treba sekogas da go barame vistinskiot lekar,a toa e nasiot Gospod Isus Hristos,koj e Lekarot nad Lekarite.Nemojte da odite kaj gavolot,pa da doziveete uste pogolema belja od taa vo koja ste najdeni.So molitva obratete se kon Sv.Kiprijan I Sv.Justina,,pa ke vidite sto vi pravat bajacite,a sto vi pravi Bog.Bezumni ,priberete se vo umot i barajte go Boga,koj ni dava ljubov i iscelenie zasekogas,Peostete ,ama ova e od iskustvo.

wpDiscuz