Зошто на некои фрески ангелите се претставуваат со ѓаконска облека?

angeli-gjakoni

Свештеномаченикот Дионисиј Ареопагит вели дека црковната јерархија е одраз на небесната. Ѓаконот (од грчки diakonos – слуга) е трет свештенички чин во Црквата.

Ѓаконот не извршува таинства, туку само сослужува со епископ, или свештеник. Поради што ангелите се слуговни духови, во иконграфијата се родила традиција да се претсавуваат ангелите во ѓаконски стихари.

Ѓаконите за време на богослужбите обвиваат орар (долга лента) зад грбот, за да ги изобразуваат ангелите што летаат. На оваа тема Н.В. Гогољ, пишува: „Потоа тој зема, го целива орарот, кој е тенко-долга лента, која е дел од ѓаконскиот чин, со која дава знак за почеток на секое црковно дејство, повикуваќи го народот на молење, псалтите на пеење, свештеникот на свештенодејствување, а себе си кон ангелската чистота и спремноста за служење. Чинот на ѓаконот е ист со чинот на ангелите на небесата и на тој начин дигањето на теката лента е слична на веењето на воздушните крилја, а со своето брзо движење низ црква, тој го претставува ангелското летање, вели Златоуст“. (Размислувања за Божествената литургија. Проскомидија).

Јеромонах Јов Гумеров

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz