Знакот на солидарност со Христијаните во Мосул

Прогонот на Христијаните од градот Мосул, контролиран од џихадистите, предизвика контроверзи во христијанските и муслиманските заедници во Либан, кои своите мислења ги изразија преку социјалните мрежи.

Имено, минатата недела истече ултиматумот даден на христијанското население во Мосул, огласен преку звучниците од џамиите во градот, според кој Христијаните се принудени да платат верски данок поради тоа што се Христијани, или пак да примат Ислам. Во спротивно, тие би биле погубени. Дополнително, милитантите кои минатиот месец прогласија нов калифат под водство на Абу Бакр Багдади, на домовите на христијанските семејства со спреј ја пишувале буквата „н“ на арапски, што е кратенка за „Насрани“, односно „Христијани“, за полесно да можат да го спроведат верското чистење. Како последица на овие закани, илјадници христијански семејства се одлучиле да го напуштат градот, кој до поробувањето од страна на радикалните Сунити бил симбол на соживот меѓу Христијаните и Муслиманите.

Овој потег го предизвика јавниот бес во Либан. И додека повеќето верски водачи и христијански политичари го кренаа гласот за да го осудат овој потег на екстремистите во Мосул, повеќето либански Христијани ги променија нивните фотографии на фејсбук-профилите во слика со црна позадина на која со жолта боја е прикажана буквата „н“ на арапски.

Нивните статуси и наслови на фотографии велат „Горд сум“ (што сум Христијанин, заб. на прев.).

„Ова е арапска буква со која се обележуваат домовите на Христијаните во Мосул“.

„Сакам моите пријатели-Муслимани да нè поддржат. Нивниот глас треба да се чуе за на светот да му се покаже дека ова не е Исламот. Мора да се потсетиме дека МОЛКОТ Е ЗНАК НА ПРИФАЌАЊЕ“, стои напишано под сликата на профилот на еден Либанец – Муслиман. „Да застанеме заедно како што еднаш многу луѓе се обединија кога се боревме со расизмот во нашата земја“.

Еден од најпознатите либански блогери, Карл Шаро, на неговиот профил на твитер напиша: „Да бидеме искрени – Христијаните и другите малцинства секогаш биле граѓани од втор ред во повеќето арапски земји, ISIS само го формализира тоа“.

Други, пак, го обвинуваат Западот и Израел за катастрофата, а за некои ISIS се „глупави фанатици“ кои спроведуваат „верско чистење“, додека Западот молчи.

26-годишниот Саад Курди ја поставил буквата „н“ на арапски над неговата слика, и вели дека единствено преку Фејсбук може да направи нешто: „Ова е единствениот начин на кој можам да се изразам. Разочаран сум и исфрустриран од тоа што се случува со Христијаните во Мосул. Не можам да направам ништо реално. Наместо да удрам некого, ја поставив фотографијата“.

Извор: Daily Star

Оставете коментар

7 Comments on "Знакот на солидарност со Христијаните во Мосул"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
Фашизам? Етничко чистење? Тоа важи само за еден избран народ! Каде се ООН да интервенираат кога пред нос јавно им се случуваат вакви работи? Овдека на Балканов интервенираат и за „неправилна“ одлука на суд…. Две патријаршии православни не сослужуваат заради тоа што не можат да се договорат чиј е Катар (оти таму има 10 Христијани и 10 милијарди долари), а во Мосул пак има само Христијани- зошто и некој би се интересирал!?… еден друг наш патријарх пак во моментов успешно се бори за здрава животна средина… Важен е мирот во светот, и сите да се сакаме Додека Јудеите ги чистат… Read more »

Благословете отец Виктор! Немам што да додадам, можам само да кажам “Амин” на секој збор кој го напишавте!
Не знам што треба да се случи за луѓето да сватат дека тоа Е исламот. А и за останатото за кое пишувавте.

Mnogu muslimanski verospovednici sum gi cula kako govorat ” Ne pravi ona sto ne sakas da ti go pravat, toa e eden od nivnite stolbovi vo verata” Ja sum izrevoltirana : Kakva vera e ta sto laze? koj bi sakal da mu nasilnikci nametnuvat mislenje pa kamo li ne vera??? Kakava e taa nasilnicka vera? ili vera na teroristi? vera na ubijci? Neli toa e niedna vera? Za podrska na nasata vera site treba da se mobiliziraat so pismo na niv, na nivnata obleka i sekoj da cita “Protiv progonot na Hristijanite od Mozul”. Taka moze pacivno da se obedineme… Read more »

Elisabeth..Tie ne bea teroristi.. drugite gi teraa da im vozvrakat..zasto ste tolku revoltirani so poslednoto……A zasto kjutivte koga onie bea masakrirani..ili pak zasto ne ste revoltirate so izraelcite koi ubivat deca i zeni..samo zasto se Muslimani. a ako Gospopd im pomaga i na oni od GAZA da ja zemat zemjata pod kontrolla togas sto ocekuvas ti…i pak gi narekuvate TEORISTI. edno treba da vi e jasno…Tie ke stignat za brzo vreme i kaj nas INSHA ALLAH i ke platime ZEKAT (kolku sto imas tolku..ako nemas ne plakas nisto) a ne DDV i spomenici

Мухамед, ако прочита погоре, ние прво ги осудивме злосторстватa на Јудеите врз Муслиманите, па потоа рековме дека Христијаните со тоа немаат никаква врска, барем не оние Христијани што живеат во Мосул и на целиот Исток (оти не е секој што се нарекува со името на Христа- Христијанин, ами оној кој живее по Евангелието), но нам Православните ученици Христови ни е јасно дека нити Јудите, нити Муслиманите, можат да не разберат нас, оти логиката и на едните и на другите ви вели: око за око заб за заб, а нашиот пак Господ рече: љубете ги непријателите свои и благословувајте ги… вашата… Read more »

Sine na Ismail, ima tri raboti koi mozat tebe, vas i nas da ne vrazumat: Ljubovta, Vistinata i Ljubovta kon Vistinata.

христијанче

АМИН,АМИН,АМИН, о.Викторе

wpDiscuz