Со што се храни злото?

Трагедија

Откако ќе се случи некаква трагедија, луѓето одново прашуваат: „А каде беше вашиот Бог? Зошто Тој ништо не направи? Зошто Тој дозволи ова да се случи? Зошто, ако има Бог, злото толку лесно и слободно се случува во светот?“ А ние одново ќе одговориме нудејќи го Христовиот одговор: „Во исто време дојдоа некои и Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја измеша со нивните жртви. Тој одговори и им рече: ‘Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така’.“(Лука 13, 1-5).

Одговорот е едноставен, но едноставноста е само привидна. Токму таа едноставност нѐ придвижува кон можеби непријатното и непожелно за нас дело – да ги бараме корените на злото во себе, а не во надворешните околности.

Но, ќе прашате, во метрото загина случајна жртва, загина од раката на престапникот? И тоа е точно. Престапниците треба да бидат казнети, а претседателот на вести ветил дека ќе ги казни. Но разговорот за тоа што се случило, не е само разговор за кривичното дело, туку за злото од кое страдаат оние кои за ништо не се виновни. А главното прашање е: каде е Бог во овој контекст?

Ние, христијаните, веруваме дека Бог не е автор или режисер на злото, Бог не посакува ничија смрт и не сака никого да мачи или прекорува, но Бог го дозволува злото во постоењето и дејствувањето на оние со кои нема однос, за жртвата да има причина да се обрати на Бога. Невините луѓе кои загинале не се изгубени за Бога. Смртта не нè одделува од Бога. Затоа, смртта не е оружје против доброто, туку против оној кој доброто го твори. А таквото сознание е најдобра утеха за христијаните.

Ако постои зло помеѓу луѓето, тоа значи само едно, [а тоа е] дека за злото има простор. Значи, злото има каде да се развива, има на чија сметка да се храни. Но ваквото рассудување, сè уште не е повик за уништување на престапниците. За ваквото рассудување е потребен морален подвиг.

За делумно да проникнеме во суштината на прашањето, не е потребно многу да се зборува и објаснува. Доволно е да се осврнеме кон едноставните цифри од еден терористички напад во метрото во Москва. Нападот однесе четириесетина луѓе, а во истиот ден бројот на извршени абортуси, ми се чини, беше над стотина, а можеби и над неколку стотини. Луѓето во метрото беа убиени од терористи, а неродените деца беа убиени од сопствените мајки и доктори, добивајќи дозвола од државата, која беше толку огорчена поради невините жртви.

Терористите напаѓаат еднаш во неколку години, а децата биваат убивани секој ден. Ги убиваат и пуштаат во канализација. Но тоа не се прикажува на телевизија, за тоа не се буни претседателот, за тие жртви не се подигаат споменици на плоштад. Затоа ваквото зло како и да не постои.

Значи прашањето е: кој е вистинскиот терорист? Тешко е да се процени на прв поглед. Но заклучоците и предвидувањата можат едноставно да се направат: нашата совест ќе се буди од експлозии сè додека самата не научи да бдее. А нам ни останува да одлучиме кога ќе се случи тоа.

Оставете коментар

2 Comments on "Со што се храни злото?"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

so sto se hrani zloto

Во овие жални времиња на човековата заробеност од светот, станавме глуви за гласот на својата совест. И не можеме да ги сватиме благите опомени од Бога, да се покаеме.

wpDiscuz