Животот секогаш ти го враќа она што го даваш

6306152_orig

Еден човек и неговиот син заедно шетале низ шума. Одеднаш, момчето запрело и почувствувало неподнослива болка во нозете. Со сета сила што му останала во моментот воздивнал. Одненадеж, слушнал како воздишките се враќаат од далечината.

Заинтересирано му се обратил на просторот околу себе „Кој си ти?” Одговорот кој го добил било самото прашање. Ова страшно го налутило, па повторно извикал: „Кукавицо!” Гласот повторно му одговорил: „Кукавицо!”

Момчето го погледнало својот татко и зачудено го прашал: „Тато, што се случува тука?”

Таткото со мала насмевка на ликот му се обратил: „Сине, внимавај што ќе направам сега.” Тогаш таткото викнал: „Ти се восхитувам!” Гласот му одговорил: „Ти се восхитувам!” Таткото повторно извикал: „Прекрасен си!” Просторот повторно му возвратил со истите зборови.

Момчето стоело зачудено и сè уште не разбирало што се случува. Тогаш таткото му објаснил:

– Луѓето ова го нарекуваат ехо, но всушност тоа е суштината на животот. Ако сакаш повеќе љубов, подари љубов. Ако сакаш повеќе добро, подари повеќе добрина. Животот секогаш ти го враќа она што го даваш. Ако сакаш да добиеш почит и разбирање, секојдневно давај почит и разбирање. Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа она што го даваш.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz