Житие во слики: св. првомаченик и архиѓакон Стефан

На 9 јануари Црквата го празнува споменот на првомаченикот и архиѓакон Стефан. Овој светител се вбројува во редот на 70. апостоли; тој не бил меѓу првите ученици Христови кои од почетокот биле со Него, но по неговите славни дела, и тоа како може да се вброи меѓу нив. Црквата особено го почитува и затоа што тој е историски прв човек во христијанството кој маченички пострадал за Христа и се прославил како маченик.

Св. архиѓакон Стефан

Откако Светиот Дух се симнал врз апостолите, Црквата започнала забрзано да возрастува, и бројот на нејзините членови да се зголемува. Оттука се родила и потребата за грижа за бедните, сиромашните и вдовиците кои примале Свето Крштение. Поради тоа, апостолите избрале седум мажи кои ги посветиле за ѓакони, правејжи на тој начин блиски помошници од нив кои ќе им помагаат не само во надгледувањето на потребите на верните, туку и во молитвите и богослуженијата.

Св. архиѓакон Стефан

Архиѓакон, односно прв ѓакон, бил наречен младиот Стефан, кој се одликувал со цврста вера и дар на говорење. Тој станал познат проповедник на христијанството во Ерусалим и ги победил јудејските учители во богословските расправи. Додека он говорел, неретко се јавувале чуда и знаци.

Св. архиѓакон Стефан

Таквиот успех на Стефан ја разбудил зависта на јудејските челници. Наоѓајќи лажни сведоци, тие го обвиниле дека зборува лошо за Бога и пророкот Мојсеј. Стефан, како одговор на овие обвиненија, одговорил со огнени зборови, смело разобличувајќи ги јудеите поради нивното гонење на пророците и убивањето на Месијата, Исус Христос.

Св. архиѓакон Стефан

Ваквите негови зборови многу ги разјариле членовите на Синедрионот. Тие се фрлиле на него, го извлекле надвор од градот и го затрупале со камења. Светиот маченик се молел за неговите убијци, и пред смртта воскликнал: „Господи Исусе, не им го земај ова за грев!“ И така, во 34. година после Раѓањето Христово, бил убиен првиот христијански маченик.

Св. архиѓакон Стефан

Самото убиство на светителот го посведочил и еден млад гонител на христијаните, по име Савле. Во моментот кога Стефан бил убиен, тој ги чувал облеките на убијците. Но, наскоро после оваа случка, Савле ќе се покае: „Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе; и кога се проливаше крвта на Стефана, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што ги убиваа“ (Дела 22,19-20). Овој Савле поверувал, се крстил и станал еден од најголемите проповедници Христови – апостол Павле.

Св. архиѓакон Стефан

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz