Житие во слики: Св. Никола Чудотворец

На 19 декември Црквата празнува еден од најпочитуваните светители, светиот Николај Чудотворец, архиепископот Мирликиски. Ви го претставуваме неговото житие во слики, наменето за нашите најмали читатели.

Св. Никола - житие за деца

Свети Никола се родил во третиот век, во грчката колонија Патара, во римската провинција Ликија. Уште како дете тој секојдневно ја читал Библијата, по цели денови седел во црквата, се молел и читал книги. Неговиот дедо, кој бил владика, после некое време го направил свештеник.

Св. Никола - житие за деца

Откако неговите родители умреле, свети Никола во раздал наследеното богатство на сите сиромашни, помагајќи им на сите кои биле во неволји. Но, сето ова тој го сторил потајно, за никој да не го дознае и да не го пофали. На еден татко кој имал три ќерки, а немал пари, па се мислел да ги продаде своите ќерки, исто така му помогнал пристојно да ги омажи и да не ги посрами ќерките, да не ги продаваат нивните тела.

Св. Никола - житие за деца

Потоа пошол на поклоничко патување во светиот град Ерусалим. Имал желба да остане и да живее таму, во палестинската пустина и да се подвизува. Но, Го сонил Господ Кој му рекол дека треба да се врати назад дома, и да започне да им служи на своите луѓе, во родното место.

Св. Никола - житие за деца

За време на патувањето во Ерусалим, св. Никола двапати ја смирил морската бура со молитва, инаку бродот ќе потонел. Спасил и еден морнар кој паднал од палубата во разбрануваното море.

Св. Никола - житие за деца

Но, кога се вратил дома, тој не пошол во родниот град, туку во Мир во Ликија, зашто сакал да се избави од славата што луѓето му ја воздавале. Наскоро после тоа бил избран за владика во таа област. Уште додека бил жив, св. Никола насекаде бил познат како помирувач на оние што биле раскарани, и заштитник на невино осудените затвореници.

Св. Никола - житие за деца

Кога еднаш, на пазар, настанала караница меѓу војниците на императорот и локалните жители, архиепископот Николај ги смирил двете страни. Но, набрзо дошла вест дека управителот уапсил тројца невини граѓани, и наредил да им се отсечат главите. Светителот, заедно со војниците се упатил во градот, но бил загрижен да не задоцни. Испратил војници да го одложат спроведувањето на казната. Џелатот само што го кренал мечот да замавне, и застанал. Кога св. Никола пристигнал, невините жители биле ослободени.

Св. Никола - житие за деца

Светителот се упокоил кога имал 70 години. Неговите мошти останале нераспадливи и од нив истекувало миро преку кое луѓето добивале исцеленија. А многу векови подоцна, неговиот лик бил искористен за да се создаде легендата за Дедо Мраз, кој околу Божик пристига кај малите деца и им носи подароци.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz