Житие во слики: Св. апостол Андреј

На 13 декември Црквата го празнува споменот на св. апостол Андреј Првоповикан. Ви го пренесуваме неговото житие во слики, за да можете да го прочитате заедно со вашите деца и внуци.

Браќата Андреј и Симон (Петар) биле галилејски рибари. Постар бил Симон, но сепак, прв од дванаесетте апостоли, што Го сретнал Христа, бил токму Андреј. Оттука е и неговото име, Андреј Првоповикан.

Св. апостоли Андреј и Петар

Апостол Андреј се родил во Витсаида, мало гратче на брегот на Генисаретското Езеро. Неговиот татко, Јона, бил рибар, и неговите два сина – Петар и Андреј уште од малечки му помагале во работата.

Св. Јован Крстител

Кога слушнале дека на реката Јордан се појавил нов пророк, кој го проповеда скорешното доаѓање на Спасителот, но и сите ги повикува да се покаат, Андреј пошол кај него (овој пророк бил св. Јован Крстител), и набрзо станал еден од неговите најблиски ученици.

Св. апостол Андреј

Еден ден, додека Андреј и Симон ловеле риби на езерото, од брегот ги повикал Исус, велејќи им: „Појдете по мене, и Јас ќе ве направам ловци на луѓе“. Браќата, оставајќи ги мрежите, започнале да Го следат. Заедно со другите најблиски ученици на Спасителот, тие биле сведоци на Неговата служба, казна и Воскресение.

Св. апостол Андреј

По Вознесението Христово (што го празнуваме на Спасовден) и слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на Педесетница, апостолите со жреб одлучувале кој каде да оди и да го проповеда Евангелието. На апостол Андреј му се паднало да оди во областа Понт, околу Црното и Мраморното Море. Така и сторил. Откако проповедал насекаде во тие предели за Воскреснатиот Спасител на светот, цели градови и пагански племиња се обратиле и поверувале во Христа.

Св. апостол Андреј

Но не само што проповедал, туку св. апостол Андреј и ги излекувал болните, и ги воскреснувал умрените. Еднаш воскреснал дури 40 луѓе кои тргнале кон него, да ја чујат неговата проповед, но пострадале при една страшна бура.

Св. апостол Андреј

Многупати паганските градски власти го викале светиот Апостол на испитување, но не можеле да го обвинат за ништо. Последен град каде што проповедал апостолот Андреј бил Патра. Управителот на градот, откако видел дека мноштво луѓе ја примаат новата вера, наредил апостолот да биде распант на крст во облик на буквата Х. Но повторно, уште два дена апостолот проповедал од крстот, додека на крај не умрел. После неговата смрт, жената на управителот, која и сама била излечена од апостолот, го погребала негового свето тело.

По молитвите на светиот апостол Андреј Првоповикан, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нѐ.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz