Зошто? – За жената во Црквата (4)

продолжува од првиот, вториот и третиот дел: Зошто? – За жената во Црквата

Зошто мажите и жените во некои храмови стојат одделно?

Според традицијата, која восходи кон ранохристијанските времиња, мажите и жените во црква стојат одделно. Таквото разделување било соодветно на древните претстави за побожноста. Условната поделба на храмот на машка и женска половина до денес се запазува, на пример, кај Коптите. Во Византија во многу храмови се граделе галерии (вториот кат, според параметрите на храмот), каде за време на службата стоеле жените.

Само ребро или цела половина?

Според едно толкување на Библијата, Бог жената не ја создал од мажот Адам, ами од човекот Адам, когошто го поделил на два дела: машка и женска. Митрополитот Антониј Сурожски вака го коментира тој оддел: „Преводите на Библијата често говорат дека Бог зел ребро од Адама (1Мојс 2,21).

Адам и Ева
Искушувањето на Адам и Ева

Еврејскиот текст предложува други преводи, еден од кои не говори за ребро, туку за страна. Бог не одделил ребро, туку поделил две страни, две половини, женско и машко. Навистина, кога го читаш текстот на еврејски, станува јасно што Адам говори, кога лице в лице се среќава со Ева. Тој воскликнува: таа е жена, затоа што јас сум маж (1Мојс 2,23). На еврејски тоа звучи: иш и иша, еден ист збор во машки и женски род. Тие заедно го сочинуваат човекот, и тие се гледаат еден со друг во ново богатство, во нова можност да се прерасне, она што е веќе дадено, во нова полнота.

Ужасите од Домостројот се преувеличени

Зошто се смета дека сите ужаси на традиционалниот семеен бит, опишан во „Домостројот“ – рускиот семеен устав од 16 в. (познатиот свештеник Силвестер бил автор само на една од редакциите на „Домострој“)? Сепак, во таа книга ние наоѓаме само еден цитат, кој може да се интерпретира дека го поттикнува телесното казнување на жените: „Ако мажот види дека жената и слугите се неуредни или не е сѐ така, како што е во оваа книга изложено, да ја поучи жената со полезен совет; ако таа разбира, нека постапува така, и да ја почитува, но ако жената таквата поука не ја следи и не го исполнува она (за што во оваа книга е речено), и самата ништо од тоа не знае, и слугите не ги учи, мажот е должен својата жена да ја казнува и вразумува насамо, а откако ќе ја казни, да ѝ прости и забележи, и нежно да ја научи и да ѝ даде поука, но притоа, ниту мажот да ѝ се лути на жената, ниту жената на мажот – секогаш да живеат во љубов и согласност.“

Несовршенства

Спроведовме мала анкета на мажите за тоа, кои типични квалитети на жената можат да се наречат „несовршенства“. Најчесто среќавани одговори беа:

  • прекумерна емоционалност
  • многу зборување
  • нелогичност на мислењето и поведението
  • прекумерно внимание кон надворешноста – не само кон сопствената
  • жената претпочита опсудување на размислувањето и анализата
  • кавгаџиство
  • завидливост

Генерално, може да се каже: несамостојноста и несамодоволноста на жената – како последица на тоа што жената била создадена како помошник на мажот, а не сама по себе.

Никој не е навреден?

Во колкава мера меѓу црковните жени е распространето незадоволството од местото што Црквата им го доделува? За тоа прашавме неколку значајни православни жени. Да признаеме искрено – започнувајќи ја анкетата на православните сонароднички, очекувавме дека од нас избраните жени, коишто се успешни, професионално ситуирани, кои го оствариле својот повик, поостро од останатите ја чувствуваат и подобро од другите можат да ја изразат својата навреденост од писмото од Задграничната црква. На наше чудење, помеѓу нашите соговорнички не се најде ниту една навредена!

Можеби, суштината е во тоа, дека во Црквата секој разговор од аспект на „јас имам право“ е совршено неплодотворен? Никој од нас – мажи или жени, не е важно – не може ништо да бара „за себе“, затоа што љубовта не го бара своето. Може да се бара само од самите себе. Колку е добро тоа, што женската, помека и покомпатибилна природа полесно го разбира тоа!

А што да се прави со оние што, сепак, се навредени: мажите не даваат да кажеме ниту збор? Мислам дека постои утеха. Ако навистина имаш нешто да кажеш и содржината на твојата душа и на твоите зборови е навистина нешто важно – не треба да се плашиш, ќе бидеш слушната. Како што биле слушнати светите жени – да, така, што споменот за нив и нивните зборови се зачувале низ вековите.

Јулија Данилова
Приредил: М-р. Георгиј Глигоров

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz