За потребите на снимање на турска серија, запалена црква во Турција

Кападокија во Турција отсекогаш била омилено место за снимање на турските продуценти. Во напуштената област постојат многу стари живеалишта. Голем дел од нив биле оштетени или уништени поради потребите на филмските сетови. Деновиве турската интелектуална јавност е разбранувана од палењето на црквата на Успението на Пресвета Богородица во градот Невсеир, Кападокија.

Според турскиот весник „Јени Сафак“ („Нова зора“), продуцентите на турската серија „Еманет“ („Аманет“) ја избрале оваа црква од историска важност за во неа да снимаат сцени со насилство. Црквата била толку сериозно оштетена, што директорот на Фондацијата за заштита на кападокиски градби поднел тужба против ТВ продуцентите.

Успенската црква во Невсеир имала активен богослужбен живот во периодот од 1849 до 1924 година, а во 1950 г. била пренаменета во затвор, кој бил напуштен во 1983 г. Оттогаш и е напуштена. Но, од 1986 г. започната е работа на реставрација на црквата поради нејзината историска и туристичка вредност.

Во минатото, Фондацијата за заштита и унапредување на околината и животната средина тужела неколку турски ТВ куќи поради оштетување на христијански цркви, поранешни куќи и историски споменици.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz