Законот не смее да е против човекот

Во една од синагогите поучуваше Он во сабота. И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи; штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече: „Жено, се ослободуваш од болеста своја.” И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!” Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден? И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него.

Лк. 13,10-17

Беседи: Отец Игор Здравковски
Извор: Куманово Денес

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz