За воплотувањето

Бог не е органичен на ниту еден начин. Затоа Отците нагласуваат дека Бог Отец е насекаде присутен преку Своите енергии. Поради ипостасното единство со човечката природа Христова, и Христос како Логос е насекаде присутен преку енергиите, додека пак, Христос како Логос е отсутен според суштината. Меѓутоа, човечката природа Христа е насекаде присутна по суштината.

Христос Дете

Значи, Бог Света Троица е над секоја суштина во светот. Оти, Бог по суштина нема никаква врска со светот, зашто врската меѓу Бог и светот е само преку волјата и енергиите. Според суштината, само човечката природа Христа која е секадеприсутна има врска со светот. Но не и божествената природа Христова.

Ова разликување помеѓу суштината и енергиите Божји, кое постои во Православието, е сосем едноставно. Основата на ова учење е самиот опит на обожување. Никаква философија нема врска со него. Ова разликување кое го прават Отците на Црквата не е последица на некакви философски стремежи, затоа што тие од сопствениот опит на обожување знаеле дека оној којшто е обожен, е соединет со Бога преку енергиите.

Меѓутоа, Христовото ипостасно единство со Логосот не е од таква природа. Христос не е соединет со Логосот преку енергиите, или едноставно по волјата на Божја, туку Христос (т.е. Неговата човечка природа) по природа е соединет со Логосот.

Отец Јован Романидис
„Светоотечко богословие“

Оставете коментар

1 Comment on "За воплотувањето"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Христово Рождеството Христово – Откровение За воплотувањето Смисолот на Рождеството Христово Христос Богодете […]

wpDiscuz