За верата и смирението: „Ви благодарам што го убивте син ми“

Мајката на еден од убиените копти во Либија (кои Коптската црква ги прогласи за маченици), Кирил, во едно неодамнешно интервју вели дека им простила на убијците на нејзиниот син, затоа што тој е сега „со Господа“. Уште повеќе, таа вели дека се моли за милитантите, за и тие да ја видат светлината и да се одвратат од злото.

– Постојано ми велеа дека синот ми е киднапиран. Јас им велев „Не, тој е со Господа“.

Прашана дали има некаква порака за убијците на нејзиниот син, таа одговара: „Ви благодарам за неговото мачеништво, Господ нека ги допре вашите срца и нека осветли пат за да не завршите лошо – нека ви го осветли патот за да не завршите во пеколот“.

Извор: theorthodoxchurch.info

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz