За убавата блудница, или: парабола за спасот од грешните помисли

askeza

Еднаш, во едно време, и во едно царство, имало некоја жена која била многу убава, но правела многу неубави нешта. Таа жена била убавата блудница. Владетелот на тоа царство, гледајќи колку е убава, се сожалил над неа, и не сакајќи таква убавина да исчезне, штом нашол згодна прилика, се доближил до неа, и ѝ рекол: „Откажи се блудните патишта по кои чекориш, и ќе те земам во дворецот, ќе ми бидеш жена и господарка на големи богатства. Но, мораш да внимаваш и да ми бидеш верна, оти инаку ќе бидеш казнета како што не можеш ни да помислиш.“

Убавата жена се согласила, и царот ја зел во својот дворец. Нејзините поранешни пријатели, откако виделе дека ја снемало, започнале да ја бараат, и дознале дека е во царскиот дворец, омажена за царот.

Иако многу се плашеле од царот, сепак биле решени по секоја цена да ја вратат назад. Знаејќи го нејзиниот претходен живот и страсти, мислеле дека ќе биде лесно: доволно би било само да дојдат под нејзиниот прозорец и со свиреж да ја повикаат. „Веднаш ќе нè познае и ќе ни дотрча“, си мислеле.

Речено-сторено.

Успеале да се прикраднат под нејзиниот прозорец, и поствирнале. Убавата жена, штом го чула свирежот, започнала да се двоуми што да прави. Нешто од претходниот блуден живот како да се разбудило во неа. Но, се смирила и, наместо да потрча кон поранешните пријатели, се втрчала во брачната одаја на царот, и веднаш се смирила. Во оваа одаја не се слушал ни свирежот од нејзините пријатели.

Тие, блудните, продолжиле да свират, но попусто. На крај, сакале-нејќеле, си заминале.

Значењето на оваа парабола е јасно. Убавата блудница е нашата падната душа што во покајание се враќа кон Господа, ветувајќи Му дека само Нему ќе Му служи. Поранешните пријатели се страстите. Нивните свирежи се страсните мисли, чувства и желби. Тогаш треба да се засолниме во внатрешните одаи, во длабочините на срцето, за таму да застанеме пред Господа.

Ако го направиме ова, страстите што нè измачуваат ќе си заминат, како никогаш и да не постоеле, и душата ќе ни се смири.

според адаптацијата на словото на св. Јован Колов од св. Теофан Затворник

Оставете коментар

1 Comment on "За убавата блудница, или: парабола за спасот од грешните помисли"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] 7. За убавата блудница, или: парабола за спасот од грешнит… […]

wpDiscuz