За тагата, за страдањето…

„Тагата е духовен крст што се испраќа како помош на оние кои се каат, коишто не умеат да се покаат, т.е. коишто после покајанието паѓаат во претходните гревови… И затоа – само две лекарства го лечат тоа, често крајно тешко душевно страдање: треба или да се научиме да се каеме и да принесуваме плод на покајание, или – со смирение, кротост, трпение и голема благодарност на Бога да го носиме овој духовен крст, тагата своја, помнејќи, дека носењето на тој крст, ни се прима од Бога како плод на покајание… А тоа е голема утеха, да знаеш дека твојата тага… е потсвесно самоказнување за отсуството на потребните плодови… Од таа мисла – треба да се дојде во умиление, и тогаш – тагата постепено ќе се стопи и ќе се зачнат вистински плодови на покајанието…“

Света Марија Гатчинска

+ + +

Добродетелите се поврзани со страдањата, оттука оној кој го избегнува страдањето несомнено се одвојува и од добродетелите. Затоа, доколку посакуваш [да водиш] добродетелен живот, предај се на секакво страдање, зашто неволјите раѓаат смирение. Сè додека не стекнеме вистинско познание, до смирението се приближуваме преку искушенија. За оној кој во добродетелта пребива без патење, вратите на гордоста се широко отворени.

Свети Исаак Сирин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz