За страстите

1. Бори се, чедо мое, зашто патот Божји е тесен и трновит, но не по природа, туку заради нашите страсти. Бидејќи сакаме од своето срце да ги искорениме страстите кои потсетуваат на трновити корења, и наместо нив да засадиме корисни растенија, природно е многу да се намачиме, да потече крв од нашите раце и нашите лица да бидат испотени.

Понекогаш ќе не надвладее очајание, кога гледаме дека корените се насекаде, страстите се насекаде!
Со надеж во Христа, Кој ги поправа нашите души, грижливо да работаме на очистувањето на земјата на нашето срце. Трпението, плачот, смирението, послушанието и отсекувањето на самоволието претставуваат добродетели кои ќе ни помогнат да ја обработаме. Мораме да ја употребиме сета своја сила, а тогаш Бог, гледајќи го нашиот труд, ќе дојде и ќе го благослови, а ние ќе вознапредуваме.

Храна

Биди храбар, оти напорот е привремен и краткотраен, а наградата на небесата е голема. Бори се и бдеј над своите помисли. Цврсто држи се за надежта, зашто тоа покажува дека твојата куќа е изградена на карпа, а нашата карпа е Христос.

2. Не потхранувај ги своите страсти така што ќе им попушташ, за да не чувствуваш болка и тага подоцна. Трудете се сега според силите, затоа што страстите, доколку не се погрижиме за нив, со времето ќе ни станат втора природа. Пробај тогаш да се избориш со нив! Меѓутоа, доколку сега законито се бориш со нив, како што и ти советуваме, со благодатта Божја ќе бидеш ослободен и среќен.

Она што треба да ни биде поважно од се е грижата за тоа како да го очистиме срцето од страстите и како да ги смириме страстите и пороците. Посетите на благодатта Божја кои Бог повремено ни ги испраќа како утеха немаат важна улога, оти доаѓаат и си одат. Ах, тие страсти! Тие се како корења со трње! Колку мака, колку болка, какви солзи и какви молитви се потребни за човекот да најде мала утеха! Тоа е вистинско мачеништво!

3. Се молам на милосрдниот Бог да ти го покаже патот на спасението и како елен да те поведе кон живите води на освежувањето. Човекот е преполн со страсти, недостатоци итн. За да се ослободи од нив, мора да стапи во крвава битка, и како со Божја помош еднаш ги победи, уште во овој живот добива ветување за идното венчување со Јагнето, Кое круто Го заклаа суровите и од Бога проклети раце

Старец Ефрем Филотејски

Оставете коментар

1 Comment on "За страстите"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Navistina lentata sto dava vesti mi gi umori ocite, a tekstot ne mozam da go procitam/ Ve molam trgnete ja. Ne i e mestoto tuka. Ova e bozje cetivo

wpDiscuz