За соблазните од свештенството

Многупати се натажуваме кога ни доаѓаат луѓе и ни кажуваат дека тој и тој владика, или оној свештеник ги соблазнил, и дека поради тоа не одат веќе во црква. Причината за сето ова е во гревот. Не можеме да ја отфрлиме медицинската наука затоа што постојат некои лоши лекари. Не можеме да ја отфрлиме Црквата Христова затоа што некои претставници од високиот или нискиот клир се недостојни за нивната висока апостолска служба. Црквата е мистично Тело Христово и ние сме вотелотворени заради спасението на нашата бесмртна душа, и ништо друго.

Старец Ефрем Ватопедски

Еднаш, додека сè уште бев лаик, започнав да го осудувам познатиот руски философ Николај Берѓаев. Навистина, не поради неговиот опус, туку поради неговото однесување. Се испостави дека во последните години од својот живот тој страдал од нервен тик: неволно му се затворале очите, а јазикот му се исплазувал. И замислете си ја следнава слика во себе: стои на Литургија, свештеникот им се обраќа на присутните и вели ‘Мир на сите’, а тој човек го покажува јазикот.

Тогаш не ни знаев дека тоа е Берѓаев и дека тоа го прави како последица од болеста. По неколку минути, смутен, појдов кон мојот духовник и му реков: „Дозволете ми да го извадам овој човек надвор од храмот, тој го исплазува јазикот“. „Но, што ти е?“ – ми рече духовникот, – „тоа е Берѓаев, тој е болен“.

Оттогаш никого не сум осудил… На секој човек треба да се гледа како на икона, и ако е нечиста (таа икона), да се земе крпа и да се истрие. Оти, така Христос сака. Кога сме добри – тоа е ликување. Кога сме лоши – тоа е Негово распетие. Очигледно, и ангелот-чувар нè љуби, оти инаку одамна би заминал од нас.

Митрополит Антониј Сурожски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz