За слободата

Слобода

Слободата не е само слобода на избор. Латинскиот збор libertas е збор од законикот, кој укажувал на дете кое е слободно родено, од слободни родители. Ние кога велиме дека сме слободни, ние велиме дека за Бога сме слободно родени, односно, не сме робови, туку сè уште слободни. Но, слободата може да се задржи само преку подвиг, зашто ако човек се родил во слободно семејство, а потоа станал роб на пијанството, или на други пороци – тој станал роб, а не слободен. Затоа е потребна дисциплината, која всушност не е дресирање. Discipulus е утројување на душата, кое анархистичниот човек го прави ученик и наставник.

Ако ги разгледате другите зборови за слободата (freedom, freiheit), ќе видите дека сите тие произлегуваат од санскритскиот збор priya, кој како глагол значи да љубиш, да бидеш љубен, или љубен мој.

Така, слободата е однос на совршена љубов помеѓу две суштества, помеѓу Бога и нас. Затоа слободата не се ограничува само во изборот помеѓу доброто и злото, туку во тоа што ние ќе израснаме во таква мера на взаемна љубов со Бога, така што ќе го избереме тоа што е Божјо.

Митрополит Антониј Сурошки

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz