За сексуалните односи

brak-odnosi

Свети Григориј Ниски смета дека долготрајното (и a fortiori – потполно) воздржување, тешко може да го поврзе со бракот. Тој пишува: „Оној кој практикува претерано (воздржување) нема чиста совест, како што вели апостол Павле: таквиот го презира бракот (1. Тим. 4, 2). Многу отци од IV век многу се внимателни кон апстиненцијата внатре во бракот, особено имајќи ги во предвид заветите на еретичките струи (во најголема мера гностички).

Потполната апстиненција која брачниот другар евентуално е спремен да ја прими откако изродиле доволно деца, по мислењето на овие Отци е потполно прифатлива доколку е мотивирана од духовни причини, но се чини дека таа нема потполно оправдување во рамките на бракот, и на тој начин, бракот во голема мера ја губи причината за своето постоење. Поразумно е бракот да се раскине, а сопружниците, секој за себе, да се посветат на монашки живот (духовната литература прикажува бројни примери од овој вид).

Свети Јован Златоуст, оградувајќи се од претставниците на ригорозната струја, пишува: „Никој да не го осудува човекот кој има законски однос со својата жена, иако тие остареле“. Иако свети Јован Златоуст не е наклонет кон продолжена или потполна апстиненција во брак, сепак, препорачува воздржание во смисла на умереност и владеење врз себеси, па така и пишува: „Не заповедувам девственост, зашто ги познавам тешкотиите што таа ги носи, но не препорачувам ниту неограничена употреба на бракот која во себе би носела невоздржување.“ Начинот на кој свети Јован Златоуст го третира полното општење се разликува од ригорозната струја на грчките, а особено на латинските Отци.

Жан Клод Ларше

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz