За проповедањето

Исповеди

Сакам да проповедам. Проповедта ме прави да се чувствувам жив. Жив, затоа што добивам моќ. Моќ да влијаам.

Сакам да мислам дека проповедите влијаат добро врз луѓето на кои што им ги кажувам. Педагошки. Тогаш сум задоволен од себеси. И сакам да мислам дека и Бог е тогаш задоволен со мене. Ги кажувам вечерните молитви и си легнувам спокојно. Помалку или повеќе.

По некое време ги среќавам луѓето на кои што сум им проповедал. Нема влијание. Нема промена. Нула. Ништо. И тогаш се разочарувам. Во луѓето. Па во себе. Можеби некогаш и во Бога.

Ги кажувам вечерните молитви и си легнувам спокојно. Помалку или повеќе.

Господи помилуј.

Теофил Е.
Исповеди на еден христијанин во обид, 1. дел

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz