За постот и молитвата

Кога несреќниот татко, се вели во Светото Евангелие, го довел својот бесомачен син при Господа Христа и Го молел да го исцели, Спасителот го осцелува момчето на очиглед на многубројниот народ. Апостолите биле посрамени поради тоа што тие не можеле да го истераат нечистиот дух од овој младич. И, кога Спасителот го исцелил момчето, и влегле во домот, апостолите Го прашале: „А зошто ние не можевме да го исцелиме? Ние воскреснуваме мртви, имаме направено многубројни чуда во Твое име, а ете, овој младич остана неисцелен и не можевме да го истераме нечистиот дух од него“. Тогаш Господ им рекол: „Овој род се изгонува само со молитва и пост“. Ете ни скратено Евангелие. Молитва и пост се потребни за човекот да се очисти од секаква нечистотија, да се очисти од секаков ѓавол; и не само од секој грев, туку молитвата и постот осигуруваат победа над секаква немоќ, победа над секој грев, победа дури и над самата смрт. Затоа Евангелието за постот и молитвата е најглавно за секој човек, а особено за нас, христијаните. Кога имаш молитва и пост, кога во нив се подвизуваш, ти се воведуваш во животот вечен.

Св. Јустин Келиски

+ + +

Сечесното воздржување да го почнеме светло,
сјаејќи со зраците на светите заповеди на Христа нашиот Бог:
со светлоста на љубовта, со болскотот на молитвата,
со чистота на срцето, со силата на храброста,
та светлоносни да излеземе пред светото и тридневно воскресение,
кое светот со нетленост го осветлува.

За тебе, душо, овој прв ден на постот нека ти биде за отфрлање на гревот,
а и момент за враќање кон Бога,
за да ја избегнеш бездната на злото и да го возљубиш
само патот што води кон вечниот спокој.

од утрената богослужба во понеделникот од првата седмица на Постот

Оставете коментар

1 Comment on "За постот и молитвата"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] За постот и молитвата (понеделник од првата седмица) […]

wpDiscuz