За помислите и осудувањето

1. Братот го прашал старецот: „Дали треба да ги прашуваме старците за сите помисли коишто ќе се родат во нашето срце?“ Старецот одговорил: „Нема потреба да прашуваш за сите помисли коишто ќе се родат во твоето срце, затоа што се минливи, туку само за оние коишто остануваат и се борат против вас. Се случува некој човек многу да го навредуваат, но тој не ги забележува и не ги слуша псовките, останувајќи немарен кон нив. Меѓутоа, ако некој тргне кон него за да го нападне, тој го пријавува на својот господар, т.е. оди кај господарот и му кажува за оној кој се бори против него. Слично е и со помислите: оние кои се борат против нас и нè опседнуваат долго време треба да им ги исповедаме на старците“.

2. Братот рекол: „Зошто ми се случува и откако ќе ги прашам старците да осудувам други?“ Старецот одговорил: „Ти осудуваш други затоа што, и после прашувањето на старците, во тебе не умрело самооправдувањето. Осуди се самиот себеси и ќе исчезне осудувањето на другите“.

од свети Варсануфиј
Доброслов

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz