За мажите и жените (2)

Поради непослушание од жените си заминува благодатта Божја. Но и мажите се должни со жените да постапуваат како со садови од кристал.

Да, жените се должни да покажуваат послушание, и како што говори старецот Пајсиј Светогорец, поради непослушание од жените си заминува благодатта Божја. Но, исто така е точно и тоа дека и мажите се должни со жените да постапуваат како со садови од кристал. Доколку мажот може да рече дека така секогаш ќе се однесува со жената – но, во тој случај, таквиот маж, навистина се стреми кон послушание. Сепак, сметам дека таквиот маж, ставам рака на срце, не ќе ја најде непоколебливата снисходливост и трпеливост, постојана милност и разбирање, што значи, светоста треба да се бара и од другите. Како што обично се вели, научи се да ја исполниш поправната мерка во однос кон самиот себе – и ќе осознаеш како да создадеш домостројот заедно со другите.

Уште еден многу важен момент на послушание (без тоа да се однесува конкретно на некого): послушанието станува вистинито тогаш кога ќе се оствари од првo. Така говори преподобниот Силуан Атонски. Доколку треба да се повтори по двапати или трипати – тоа веќе нема однос кон добродетелта на послушанието. Тоа е барање, постојани молбени настојувања, „досадување” – но никако послушание. И тоа е така – и среде оние што монахуваат, и среде мирјаните, во односот кон децата, но и кон возрасните. (Секако, не се работи само за тоа дали човекот не послушал или не разбрал). Поради тоа, драги мои, доколку вас не ве слушаат од првпат, тогаш не треба да се замислите за тоа како да го натерате човекот да се потчини, туку за тоа, вреди ли да се повторува по вторпат (овојпат говорам само за возрасните).

Трето. Како што веќе забележавме во почетокот на статијата, казната за мажите е – „со пот на лицето твое ќе го заработуваш лебот свој “. Нашите комплицирани земни околности понекогаш доведуваат до тоа жените да мораат да работат рамо до рамо со мажите. (Да ги оставиме настрана излишните разговори за тоа дека трудот – облагородува). Се чини дека жената, освен тоа што носи особено тешка женска казна – тежината на бременоста, раѓање деца, послушание кон мажот, уште и е должна „да се растрча” околу мажот – да се впрегне во тешка работа. Се разбира, под тежината на двојната казна може да се прекрши секој човек.

Јас веќе не говорам за тоа дека суровата машка казна не приличи за женски плеќи. Се знае дека жената си има сопствен труд – и така било од почетокот на вековите. Овојпат не се работи сосема за тоа. Се работи за тоа дека во нормални животни околности жената не е должна да се оптеретува од осум часот наутро до пет навечер. И од почетокот на вековите, жената не била сето време вклучена, да речеме, на работа во поле. Кога жената била неопходна – за помош во собирање жетва или во некои други особени случаи, секако, таа им се придружувала на мажите, но надвор од овој исклучителен циклус, таа си имала сопствено специфично занимање. Таа област – е создавање и одржување на семејното огниште, што во извесна смисла се совпаѓа со озлогласеното „ќе бидеш под власта на мажот свој”. Таа власт и ја побудува жената да создаде такво удобно гнездо во кое мажот сосема јасно ја препознава својата семејна среќа.

Затоа доколку нема друг излез за семејството (предвид ја имам заработката кај жената), во тој случај мажот е должен со максимално разбирање да се однесува кон тие, за жената неспецифични услови на постоење. И доколку јаремот на заработувањето е надвиснат над обајцата, тогаш, исто така на обајцата, а не само на жената треба да се стави уздата на домашните обврски.

Многудетно семејство

Чедородието не спасува само по себе. Спасува тогаш кога ја води жената (та и сето семејство) кон „вера и љубов во светоста”. И уште неколку зборови за третиот чинител во семејството – децата. Денес има многу своевидни спекулативни гледишта за значењето на многудетноста во животот, поставени на основа на зборовите во посланието на апостол Павле до Тимотеј дека жената „ќе се спаси преку раѓање деца” (1 Тим. 2,15). Сепак, како да се заборава дека во Новиот Завет се одвиваат главните услови за спасение: духот на љубовта што постои во човекот, смирение, кроткост и т.н. Го забораваат тоа што се зборува зад запирката на тие зборови: „но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со чесност”. (1 Тим. 2,15) Поточно, раѓањето деца само по себе не спасува! Тоа не е билет за Царството Божјо. Спасува во тој случај кога природно ја доведува (да, и сето семејство) во „верата и љубовта кон светоста”. Од неправилното поимање на тие зборови некои многудетни мајки небаре сметаат дека нивното спасение е половина завршена работа и ги презираат мајките со помалку деца или оние што се бездетни!

Восхитувачки, небаре Светото Писмо нас ништо не нè учи! Доволно е да се потсетиме на старозаветните примери на праведните Авраам и Сара, дваестегодишната бездетност на Исак и Ребека, Ана – мајката на пророкот Самуил, а исто така и новозаветните праведници Јоаким и Ана, Захариј и Елисавета, за да се разбере од какво корито проистекува таа фарисејска осуда. Од црковната историја гледаме дека Господ подеднакво ги благословува и многудетните и малкудетните и воедно бездетните. Јован Златоуст бил единствено дете во семејството. Василиј Велики- едно од деветте деца. А во семејството на Јован Кронштадски воопшто немало деца, зашто со сопругата дале ветување за целомудрие. И неговиот подвиг – е повисок од многудетноста или безволната бездетност затоа што да се живее непосредно со жената, со својата жена, и притоа да се сочува девственоста и чедноста – тоа навистина е пребивање во печката Вавилонска! Мислам, монасите ќе ме разберат.

Затоа браќа, да бидеме предострожни со осудувањето. Да се чуваме од свирепост и немилозливост. Да се чуваме од сè што е спротивно на духот на љубовта Христова, и самиот Носител на оваа љубов да пребива во нас до века.

Свештеник Сергеј Бегијан
Извор: православие.ру.
Превел Пантелеј Кондратјук
Рецензија отец Горан Тасески

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz