За измамниците

Петок од месопусна седмица

Од старешината – до избраната госпоѓа и нејзините чеда, кои вистински ги сакам, – и не само јас, туку и сите, што ја познаа вистината; поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас секогаш. Да биде со вас благодатта, милоста, мирот од Бога Отецот и од Господа Исуса Христа, Синот на Отецот, во вистина и љубов! Многу се зарадував, оти чедата твои ги најдов како одат во вистина, онака како што добиваме заповед од Отецот. И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа, која ја имаме од почетокот, да се сакаме еден со друг. А љубовта се состои во тоа, да постапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа; бидејќи во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во плот; таков човек е измамник, антихрист. Пазете се за да не го изгубите она, за кое сте се труделе, туку да добиете полна награда. Секој, кој прави престапи и не пребива во Христовото учење и не е во Него, Го нема Бога; кој пребива во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот. Кој доаѓа при вас и не го носи тоа учење, него не го примајте во вашиот дом и не поздравувајте го; зашто, кој го поздравува, учествува во неговите лоши дела. Вистина, имав многу да ви пишувам, но не сакав на книга и со мастило, оти се надевам дека ќе дојдам при вас и од устата да ви зборувам, та радоста ваша да ви биде полна. Те поздравуваат чедата на избраната твоја сестра. Амин!

2Јн 1,1-13

Свети Јован Богослов вели: „Во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во плот“. Така било во негово време. Сега, пак во светот влегоа измамници кои исповедаат дека Исус Христос дошол во тело, но тоа не ги прави помали измамници и антихристи. Ваквите проблеми се јавиле уште од времето на еретикот Ариј, и продолжуваат до денешен ден. Но, во минатото, луѓето повеќе се расравале за учењето за Личноста на нашиот Спасител Исус Христос, додека после Лутер, започнале да се расправаат за спасението во Него. И, колкав е нивниот број?

И во нашево време се јавуваат измамници и антихристи кои ни велат дека „доволна е само верата“. И освен неа, велат тие, ништо не ни е потребно – ни Црквата, ни Таинствата, ни свештенството. Нивната лага започнува од учењето Христово, кое погрешно го толкуваат, и поради тоа ќе наследат клетва. Чувајте се од нив. Секој што прави престап и не пребива во учењето Христово, Го нема Бога (2Јн. 1,9), како што и тие Го немаат, зашто го немаат учењето Христово. Тоа учење се чува и предава во Црквата, а тие се одделиле од Црквата. Само оние што Црквата ја следат го имаат Неговото учење и во Него пребиваат. И затоа Го имаат Христос, Синот Божји, и Бога Отецот. А овие, другиве, ништо од тоа немаат, иако тврдат дека имаат. Не примајте ги таквите, и не поздравувајте ги.

Петок од месопусната седмица
Св. Теофан Затворник, „Мисли за секој ден во годината“

Оставете коментар

1 Comment on "За измамниците"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] За измамниците: Петок од седмицата месопусна […]

wpDiscuz