За еден свет манастир

Некаде во внатрешноста на Русија, пред Револуцијата имало манастир кој го биело лош глас во соседството. Сите велеле дека монасите од тој манастир се мрзеливци и пијаници. За време на Граѓанската војна Болшевиците пристигнале во најблиското гратче до манастирот. Ги собрале локалните жители на пазарот, и ги извлекле монасите надвор од манастирот во поворка.

Комесарот гласно се дерел пред народот, покажувајќи кон црнорисците:„Граѓани! Другари! Сите ги знаете овие пијандури, лапачи и нераникуќи подобро од мене! Сега дојде крај на нивната моќ! Но, за целосно да сфатите дека како овие бескуќници си играа со работниците и селаните со векови наназад, ќе ги фрлиме нивните Библии и крстови на земја, пред нив. И сега, пред своите очи ќе видите како секој еден од нив ќе згазне на овие алатки за мамење и заробување на луѓето! И потоа ќе ги пуштиме, и ветрот ќе ги развее на четирите страни од светот!“

Толпата урлала. И, како што народот довикувал, старецот на манастирот, еден дебел маж со месесто лице, и нос цел поцрвенет од пиење, истапил напред, се свртел кон монасите, и им рекол: „Епа, браќа мои, живеевме како свињи, но барем да умреме како Христијани!“

И ниту еден од монасите не се помрднал од местото. Истиот тој ден нивните глави биле исечени од сабјите на Болшевиците.

Извадок од „Несвети, а свети“ на архимандрит Тихон Шевкунов

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz