За духовниците

esen

Оној кој во себе задржува макар и малку страсти неминовно ќе го презира епископот и останатите служители, ќе се смета себе за духовник и за способен околу себе да собира духовни чеда, ќе создава своја заедница и ќе мисли дека само тој, и токму тој ќе може да го врши суштинското и мисионерското дело на Црквата. Конечно, неисцелен, а особено опрелестен подвижник, едноставно не може, ниту некако ќе може да одолева на искушението во својата подвижничка пракса да предизвикува конфликт помеѓу еклисиологијата и теологијата на епископот и институцијата, од една страна, и монаштвото и харизмата, од друга страна. Затоа, тој монаштвото ќе го поима и секогаш ќе го наметнува како црковно-правен авторитет.

Епископ Давид Крушевачки
Четврти стослов, 322

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz