За допирот Божји

Еднаш еден старец нè поучи вака:

„Многу луѓе мислат дека не треба да се оди во црква за да се сретнат со Бога. Но, Бог единствено можеме да го допреме во Неговата Црква. Бог можел од Небесата да повика и да ни ги прости сите наши гревови и човештвото да го смести во Рајот, но наместо тоа, Тој одбрал да прими тело и да го допре човештвото. Постојат многу начини да се повика Бог, да се разговара со Бога и да се љуби Бог, но само еден начин да се допре. Кога чесното Тело и Крв Христови ги допираат нашите усни, нашите гревови се простуваат и ние сме исцелени, бидејќи допирот Божји лечи, а ние добиваме Живот вечен.“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz