За длабочината на нашата вера

Еднаш, еден млад монах чекорел со својот учител по морскиот брег и му поставувал различни прашања. Но, всушност, најмногу сакал да дознае што мисли старецот за длабочината на неговата вера и дали го смета за свој најдобар ученик. Оти, само него светиот авва го повел со себе на тоа далечно патување и цел ден, не знаејќи за одмор, го поминале на пат…

– Авво, многу сум жеден – рекол ученикот.

Старецот застанал, се помолил, па му рекол: „Пиј вода од морето.“

Монахот-ученик послушно зел во дланките морска вода и само што не воскликнал од радост: водата не била ни солена, ни горка, туку слатка и питка, како од извор. Радосен, потрчал кон мореот за со чудесната вода да го наполни својот сад, во случај да попат повторно да ожедне.

– Но, што правиш? – се зачудел старецот. – Или, се сомневаш и мислиш дека Бог е само овде?

Ученикот повторно пивнал од својот сад, и веднаш ја исплукал водата: таа воопшто не била питка.

– Ете, гледаш ли, брату, за сега длабочината на твојата вера може да се измери со една голтка вода – му рекол старецот, изненадно одговарајќи на сите прашања на младиот монах.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz