За читањето на Светото Писмо

Секојдневното читање на Светото Писмо треба да е најголема потреба на секој верник, а особено на свештеникот и богословот. Неопходно е, секој оној кој сака да изнесе свој суд (мислење) во врска со Светото Писмо, позитивен или негативен, да го прочита Светото Писмо од почеток до крај (од корица до корица), оти инаку би личел на критичар (драмски), кој гледал само еден чин од представата.

Поединечни делови и места во Светото Писмо може да се сфатат правилно само во контекст на целиот текст. Доколку пишуваат проповед, или нешто друго, богословите и свештениците можат да читаат и земаат одредени делови кои им се потребни, но мораат секојденевно да го читаат Светото Писмо. Многу собитија, личности и мисли се забораваат и потребно е да ги повторуваме преку целиот живот. Така, читателот секој пат ќе пронајде нешто ново, што не го забележал при претходните читања. Обичните музички дела се слушаат повеќе пати за подобро да ги разбереме; истото се случува и со вредните книги. Можеби при почетокот е потребен волев напор за да се навикнеме на секојдневното читање, ама потоа е необично и непријатно доколку некој ден испуштиме да прочитаме и најмал дел.

Директен линк до Светото Писмо на македонски јазик

Библијата е зборот Божји, таа е посебна книга, која не може да се чита како другите книги. Како што драгоцениот лек се зема по малку, така и Библијата треба да се чита пополека со разбирање и доживување. Практичен совет, кој го препорачале многу тихуватели, старци, молитвеници, духовници и толкувачи на Светото Писмо, е да се одреди по една, две или три глави дневно. Меѓутоа, Светите Отци нè советуваат да не преминеме кон опасноста на механичкото и формално читање.

Светиот Никодим Агиорит вака вели:

Оние, кои себеси си поставуваат тешко правило обично брзаат да прочитаат сè, негрижејќи се дали доаѓаат до умиление (разбирање, созерцување) за она што се чита и дали во умот се раѓаат возвишени мисли. Кога нема да успеат да прочитаат сè што си определиле, тие се нервозни и лути – не поради тоа што се лишиле од духовните плодови, туку затоа што нè прочитале сè.

Свети Исак за тоа вели:

Ако сакаш од прочитаното да имаш корист и да го разбереш тоа што ќе го прочиташ, не обрнувај внимание на бројот прочитани страници, туку задлабочувај се во зборовите на Светиот Дух сè додека душата не се воодушеви од Божјиот домострој и не почне да Го прославува Бога.

Во брзото читање умот не е мирен, а возбудата му смета на сфаќањето на промислата и смислата, слично на пијавицата, која црпејќи крв од телото, ја краде човековата мисла.

Блажени Ероним вели:

Незнаејќи го Писмото, не Го познаваме ни Христа.

протоереј д-р. Драган Милин
Извадок од учебникот Вовед на Светото Писмо на Стариот Завет
Превод: богослов Петар Петковски

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz