За човечката волја

utrena

Човечката волја е една од трите волји кои ја определуваат судбината на светот. Отците говореле за тоа, дека Божјата волја е секогаш добра, но сепак Бог му дал слобода на човекот да каже „Амин!“, или да се откаже од Божјата волја. Демонската волја е секогаш деструктивна, секогаш зла, секогаш лажлива и убивачка. И на крајот, помеѓу овие две волји се наоѓа човечката волја, бидејќи човекот може да го слуша кроткиот призив на љубовта Божја, или да се предаде на лажливите ветувања на сатаната. И во зависност од неговиот избор, едната или другата волја во дадениот момент ќе завладее со човекот и со неговата околина (доколку тоа го дозволува ситуацијата).

Серафим Саровски, пак, јасно кажува за разликата помеѓу погубниот грешник и грешникот што се спасува – тоа е решителноста.

Душата што се колеба, постојано се подигнува, летнува и паѓа. Само при решителноста, која може да ги надмине нашите сопствени желби, нашите склоности, нашите стари навики итн, можно е да се оди напред.

Митрополит Антониј Сурошки

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz