За болестите и христијанскиот однос кон нив

bolnica

Телото е роб на душата, а душата е царица, и затоа често со милост Божја се случува телото да снеможува од болести: од ова слабеат страстите и човек си доаѓа при себе; па и самата телесна болест понекогаш настанува од страстите.

Отфрли го гревот и болест нема да има; зашто болестите ни доаѓаат од гревот, како што тврди свети Василиј Велики: „Од каде е болеста? Од каде се повредите телесни? Господ го создал телото, а не болеста; душата, а не гревот“. А што е најмногу полезно и нужно? Соединувањето со Бог и општењето со Него со посредство на љубовта. Губејќи ја оваа љубов, ние отпаѓаме од Него, а отпаѓајќи, се подложуваме на најразлични и севозможни болести.

Кој ја поднесува болеста со трпение и благодарење, му се смета како подвиг или дури и повеќе.

Еден старец кој боледувал од водена болест, им велел на браќата што даоѓале кај него сакајќи да го лекуваат: „Отци, молете се мојот внатрешен човек да не се подложи на ваква болест, Го молам Бог да не ме ослободи од неа одеднаш, зошто ако надворешниот човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува“.

„Униние и депресија“
д-р Димитриј Александрович Авдеев
Струмичка епархија

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz