За боготрагањето

Старецот имаше една посебна мисла, имено, дека по Бога вистински може да трага само оној кој еднаш Го познал, и потоа Го изгубил. Беше убеден дека на секое боготрагање му претходи извесно чувствување на Бога.

Бог над човекот не врши никакво насилство, туку трпеливо стои при човечкото срце и смирено чека додека тоа не се отвори.

Самиот Бог трага по човекот пред човекот да трага по Него, и кога, во погоден момент, ќе му се јави на човека, дури тогаш човек во извесна мера Го запознава Бога. Тогаш тој започнува да трага по Бога, Кој се сокрива од срцето. Старецот велеше: „Како ќе трагаш по она што не си го изгубил? Како ќе трагаш по она што воопшто не го познаваш? Душата, пак, Го знае Бога, и затоа и трага по Него“.

Старец Софрониј, извадок од книгата „Старец Силуан“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz