За богослужбите во Црквата

Дневен богослужбен круг

Евреите денот го делеле на неколку дела. Таа поделба ја правеле за да му се помолат на Бога повеќе пати во денот. Така и првите христијани, а и ние денес, денот го делиме на прв час, трети час, шести час и деветти час. Првите христијани секој ден имале вечери на љубовта (агапи) и се причестувале со телото Христово. Малку подоцна воведени се и утринските и вечерните богослужби.

Седмичен богослужбен круг

Откако ги укинале агапите, неделата станала централен дел во животот на христијаните. Тој ден наречен е и мало Воскресение и е еден од првите христијански празници. За Евреите прв ден во седмицата била сабота. За христијаните прв ден станала неделата. Кај Грците и Латините вториот ден од седмицата (понеделник) е наречен втор ден, третиот ден – трет, а кај нас е наречен втор, односно вторник итн.

Понеделник е посветен на ангелите и архангелите. Вторник – на свети Јован Крстител. Среда и петок – на чесниот крст (тогаш се пости заради страдањата Христови). Четврток е посветен на апостолите и св. Никола. Сабота – на сите светии и упокоени.

Годишен богослужбен круг

По примерот на јудејскиот календар, и христијанскиот има подвижни и неподвижни празници. Најстари празници се Пасха и Педесетница (подвижни). Од неподвижните празници најстари се Богојавление и празници посветени на мачениците (самата жртва на мачениците е еден вид мала евхаристија – принос, поради тоа, христијаните ги погребувале нивните мошти и принесувале евхаристија). По IV век кога престанале големите гонења, Црквата можела мирно да се развива и затоа некои празници настанале подоцна, како што се: Божиќ, Сретение, Вознесение, празниците посветени на Пресвета Богородица итн.

Милош Дрпа

Оставете коментар

1 Comment on "За богослужбите во Црквата"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] немаме време речиси за ништо. Би сакале да одиме на вечерни и утрени богослужби, можеби и на повечерие, но едноставно, обврските не ни […]

wpDiscuz