Еврејската заедница во Македонија го одбележува Јом Ашоа

Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија денеска го одбележуваат комеморативниот ден Јом Ашоа.

Националниот комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година и е комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Планирано е комеморацијата да се одбележи на пладне во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало. Ќе бидат запалени шест меморијални свеќи и ќе биде отворена детска изложба во соработка со Министерството за образование и наука на тема „Холокаустот низ призмата на детските очи“.

Оставете коментар

1 Comment on "Еврејската заедница во Македонија го одбележува Јом Ашоа"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
Холокаустот низ призмата на детските очи!? Шо им доаѓа на децата на ум ко ќе им го споменеш зборот ХОЛОКАУСТ(!?) Па да го нацртаат она што е во нивната ПРИЗМА!? Аман бе, да најдеа некој потривијален наслов!? Вакви наслови кај нас ни правеа ко бевме пионери. Ова е ко на пример: Тито е мојот најдобар другар. Ние христијаните една недела после Велигден што се поздравуваме со ’Христос воскресна‘, и веднаш ни префрлуваат дека поздравот бил премногу тривијален и дека сме биле патетични (да не спомнувам дека вака се поздравуваме до празникот на вознесението на Христа на небесата и седнувањето оддесно… Read more »
wpDiscuz