Протојереј Всеволод Чаплин: Да научиме духовна лекција од германскиот фудбалски тим

Претседателот на Синодалниот Оддел за односи меѓу Црквата и државата на Московската Патријаршија, протојереј Всеволод Чаплин, верува дека треба да се разгледа играта на германскиот национален фудбалски тим, и од неа да се изведат некакви заклучоци, особено после победата над Бразил со резултат 1:7.

„Сензационалниот резултат од натпреварот, всушност, нè учи на една важна лекција: многу нешта зависат од нашето внатрешно расположение, зависат од нашатa волја“, изјавил тој за Интерфакс.

Според јерејот, Германија победува благодарение на внатрешната сила на нејзините играчи.

„Екипите беа рамноправни. Можеби Германците беа малку посилни поради повредата на бразилскиот напаѓач. Но, Германците успеаја да остварат 100% физичка победа, и кога Бразилците почнаа да губат, истовремено ја изгубија трпеливоста и не можеше да сторат ништо, освен да го дадат почесниот гол во последните минути“, изјавил отец Всеволод.

Според него, истите нешта се случуваат и во нашите меѓусебни односи, во односите меѓу државите, во дипломатијата и трговските преговори, во војните и во личните конфликти. „Што и да се случува, потребно е да се сочува мирољубивиот дух, силната волја и одлучност“, продолжил во ист тон Чаплин, посакувајќи им ги „овие нешта и на нашиот народ и нашите водачи“.

„Доколку една личност или народ не дозволи другите да го скршат или притиснат физички или духовно, доколку не се изгуби себеси, сè е можно, па дури и во најтешката и навидум безнадежна ситуација“.

Интервјуто завршило со следното резиме: „Германците беа добри, и жал ми е за Бразилците, но претставува радост да се види како фудбалерите од тимот што изгуби не беа совладани од гнев и не ги навредуваа другите, туку само се помолија, што е исто така еден добар пример“.

Извор: Интерфакс

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz