Воздвижение на Крстот Господов

Прекрасна видео разгледница од Православната духовна академија во Санкт-Петербург, Русија.

На Твојот Крст му се поклонуваме, Владико, и Твоето Свето Воскресение го славиме.

Браќа, словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја. Зашто е напишано: „Ќе ја погубам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на разумните.” Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет? Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост; Бог благоволи со безумството на проповедта да ги спаси оние што веруваат. Оти и Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, ние, пак, Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан, а за Елините безумство; за повиканите, пак, како Јудејците, така и Елините, Христа како Божја сила и Божја премудрост.

1Кор. 1,18-24

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz