Во конфликт со Божик

Нова година

Празникот на Рождеството Христово од нас бара пост и сериозна духовна подоготвка, за да можеме да го дочекаме со љубов и радост. Тоа зошто треба да постиме пред поголемите црковни празници е сложено прашање. Протоѓаконот Андреј Кураев вели дека ова предание е родено од христијанската љубов кон паганите и Евреите кои сакале да Го прифатат Христа, та постеле пред да се покрстат. Оти, според преданието, тие се крштевале на големите празници, и оттука постите биле природна подготовка за овој нивен чин. А христијаните започнале да постат со нив, како знак на поддршка за оние што сакале да Го прифатат Христа и да бидат присоединети кон Црквата.

Но, останува еден факт: постиме и душите треба да имаат полза од нашето постење.

И сега, токму пред кулминацијата на нашата радост, една недела пред Рождеството, светот (преку новогодишната индустрија, телевизиската плима и празничната психологија) ни предлага да ја славиме Новата година. Што треба да направиме? Дали треба да најдеме компромис, како што сѐ околу нас нѐ наведува да мислиме: божикните дрвца во училиштата, официјалните божикни неработни денови и насобраниот умор од целата претходна година и пости.

Толку многу посакуваме да се одмориме од строгоста и некомпромитирачката природа на православието, да го изгладиме неговото паралелно постоење со светот, па макар и малку да ги поминеме неговите непоминливи прави патишта, за барем да го задоволиме здравиот разум и нашата и општествената добробит на нашите деца. Но, за да се случи ова, треба да прифатиме дека Новата година нема ништо против православната вера. Ако го прифатиме ова, треба да прејдеме на следното ниво: да најдеме начин како полезно да ја искористиме Новата година. Навистина, цела година нон-стоп работиме, па дури и без одмор, и сега, конечно, имаме шанса заслужено да одмориме, да седнеме со семејствата, да се напиеме шампањ, да каснеме нешто вкусно, да погледаме телевизија, фудбал, па дури и огномет!

Уште како деца сме навикнати на сите салтанати на новогодишната трпеза. Секогаш сме ги гледале истите филмови, и сме си подарувале подароци. Новата година е радосен празник за сите нас.

Светогледот на децата е многу понефлексибилен отколку оној на возрасните. Возрасните можат да ја празнуваат Новата година, и сепак да знаат дека Божик е нешто друго, еден поголем празник; тоа е духовен празник, и како таков можеби е понезабавен од Новата година и е понапорен, побарува подвижништво од нас. Но, во детската свест, Новата година го надминува Божик, зашто за Нова година не треба да стоиме за време на богослужбите, а и недостига огномет за Божик. За децата, вредноста на Божик е во конфликт со онаа на Нова година. Но, ние треба да им објасниме дека ние постиме, и дека празникот допрва ни доаѓа. Децата нема да ни веруваат.

+ + +

Во секојдневието на малите деца честопати е потребно да се пренагласи важноста на Рождеството Христово – за световната прослава на Нова година да не ѝ попречи на важноста на Рождеството на Спасителот. Во нашето семејство, божикното дрво го поставуваме пред Нова година, но го украсуваме пред Божик. Неговото шумско присуство нѐ потсетува на претвкусот на даровите, на празнувањето на Божик, бадникарските песни и, секако, Божик. На Бадник, мајката и децата го украсуваат дрвото, ги поставуваат сијаличките кои ќе бидат запалени по Божикната богослужба. Миризбата од кујната ќе ја надмине нашата имагинација и ќе го умножи претпразничното расположение, а впечатоците на децата ќе останат со нив целиот живот. А сиот нивен христијански светоглед ќе остане неповреден, и ќе стане мост кон нивната зрелост во Христа.

Ана Ромашко
Авторката е свештеничка сопруга и мајка на осум деца

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz