Во исчекување на Велигден

Исус Христос

И му рече Господ на Аврама: „Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си, па појди во земјата, што ќе ти ја покажам Јас! (1Mojс. 12,1). Ова е очигледен праобраз на промената што се случува во срцето на оние што веруваат во вистината – кога искрено врз себе го земаат својот крст и одат по Христа. Тие го оставаат својот татко – своината, и со себеодрекнување се распнуваат; го оставаат својот род – своите лични гревовни склоноски, страсти и навики, и ги рапнуваат со непоколеблива решителност да ги следат страстоубиствените заповеди Господови; ја оставаат и својата земја – сета своја област, светот со неговите барања, распнувајќи ги и решавајќи се да им се оттуѓат, па макар за ова да требаат да го изгубат не само својот имот и углед, туку и да претрпат смрт.

Св. Теофан Затворник
„Мисли за секој ден во годината“

+ + +

Со Божја помош измина средината на постот, и се приближува Велигден. Зошто во нас има толку силна желба да го дочекаме Велигден, кој ќе дојде и ќе пројде? Зарем не го прославуваме истиот ден и минатит години? И овој Велигден ќе помине, зашто нема ништо постојано на земјата, ами сѐ е привремено и минливо. И дните на нашиот живот исчезнуваат, како сенка, како сон минуваат, како тркач протрчуваат, доведувајќи секого од нас до нашиот крај. Можеби некој ќе праша: „Зарем не е Велигден достоен за исчекување и посакување?“ Навистина, достоен е, но не оној Велигден што се случува еднаш секоја година, туку оној што се случува секогаш, секој ден. Но, кој е тој Велигден? Тоа е очистувањето од гревови, скромнот и смирено срце, умилителните солзи, чистата совест, уништувањето на телесните страсти: на блудот, нечистотијата, похотата и секој друг грев и страст.

Св. Теодор Студит

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz