Во Господа се упокои старец Тома

На 27 август 2016 година, на препразненството на Успението на Пресвета Богородица, во Господа се упокои старец Тома од братството на Томаидите, јеропсалт и ракоделец на сребро, еден од најзначајните Светогорски псалти. Уште пред 65 години, кога имал само 11 години, имал видение, во кое Пресвета Богородица го зела во рака и го пренела на Света Гора, покажувајќи му ги сите убавини на нејзината градина. Првите псалтски чекори ги направил покрај старец Павле, а потоа бил ученик и на познатиот светогорски учител, Доситеј Катунакиски. Целиот живот го поминал во аскетска борба.

starec-toma-2

Иако светогорски монах, о. Тома учествувал на бројни богослужби речиси низ целиот свет, почнувајќи од Света Гора и Грција, па сè до Русија, САД, Нов Зеланд, Индија и Тајланд.

На погребението на старецот вчера (28 август 2016 г.), молитвено учество зедоа мноштво светогорски монаси, игумените на филотејскиот и григоријатскиот манастир, како и бројни духовни чеда кои притекнаа на Света Гора за да се простат и својот возљубен старец.

Господи Исусе Христе, во блажено успение упокој ја душата на отец Тома. Имај добар рај, старче!

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz