Вистината ќе ве ослободи (Јн 8,32)

Ова е можеби една од најреволуционерните (die revolutionärste) синтагми на Новиот Завет. Поради тоа таа и не е упатена на масите. Овие зборови уловиле многу генијални револуционери од сите историски доби. Затоа се сосем ексклузивни зборови.

„Вистината ќе ве ослободи“! Не нашите дела, ниту нашата храброст или сила, ниту нашиот народ, ниту нашата вистина, туку единствено Божјата вистина (Gottes Wahrheit). Зошто? Затоа што, да се биде слободен не значи да се биде велик во светот, да се биде слободен против ближните, да се биде слободен против Бога, туку тоа значи да се биде слободен од себе самиот, од својата невистина (Unwahrheit), во која сум сосем сам и во која ми се причинува дека сум центар на светот; да бидам слободен од омразата со која ја уништувам Божјата творевина; да бидам слободен од самиот себе, за да бидам слободен за другите. Зошто, единствено Божјата вистина ми овозможува да ги видам другите. Таа го привлекува моето внимание, ме насочува кон она што е над, и ми ја покажува другата личност. И заради слободата, ја доживувам љубовта и благодатта Божја.

Вистината ја уништува нашата невистина и ја создава Божјата вистина. Таа ја уништува омразата и ја создава љубовта. Божјата вистина е Неговата љубов, а таа љубов нас нè ослободува од нас самите, за да бидеме слободни за другите. Да се биде слободен не значи ништо друго освен, да се биде во Божјата вистина.

Луѓето кои љубат, благодарејќи на ослободувањето преку Божјата вистина, се најреволуционерните луѓе на земјата. Тоа се оние кои ги потресуваат сите вредности (die Werte); тие се експлозив во човечкото општество. Таквите личности се најопасни. Зашто, тие на екстремен начин ја спознале човечката невистина, и подготвени се во секое време, само заради љубовта, да ја примат светлоста на вистината која паѓа на нив.Тоа вознемирување (Belästigung) на мирот, кое ни доаѓа преку ваквите луѓе, го провоцира светот на омраза. Затоа витезот (derRitter) на вистината и љубовта не е херој кого луѓето го обожуваат и чествуваат, туку оној кого го отстрануваат, од кого сакаат да се ослободат, кого го прогласуваат за беззаконик, кого го убиваат.

Патот преку кој Божјата вистина доаѓа во светот води до Крстот. Оттука ние знаеме дека сета вистина што постои во присуството Божјо води до Крстос. Заедницата која Го следи Христос мора со Него да појде и на Крстот. Заради нивната вистина и слобода, тие (христијаните) ќе бидат замразени од светот. Сепак, невозможно е луѓето да најдат вистина и слобода, ако себе не се предадат на судот на Божјата вистина. Уште повеќе, ќе останат во невистина и ропство сè додека не ја примат, и продолжат да ја примаат, својата вистина и слобода единствено од Бога, додека не увидат дека вистината и слободата водат до љубовта. Навистина, додека не сфатат дека патот на љубовта води до Крстот.

Извор: Dietrich Bonhoeffer, Auf Freiheit; Gesammelte Schriften, IV

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz