Александар Шмеман: Вистината е многу едноставна

smeman

Понеделник, 14 мај 1973

„Принципите се она што луѓето го имаат место Бога.“ Принцип е уште подосаден збор од зборот „религија“ (од коментарот на Фредерик Бјукер). „Религија“ – колку многу само покрива овој збор. Ова ми падна на ум додека размислував за Н. – една сосем обична, средовечна жена која оваа седмица ја видов два или трипати во својство на нејзин „духовник“. Таа сака да води добар духовен живот, но, о Господе, каква е само таа восредоточеност на самата себе, на тоа како секој – син ѝ, маж ѝ, соседите – и сè друго, ѝ стои на патот на нејзиниот труд! Потполно слепило за сите околу себе.

Што ги привлекува ваквите луѓе кон религијата? Или, уште подобро, каков вид на компензација бараат тие?

+ + +

„Човекот мора да разбере дека…!“ Човек доаѓа до таа точка кога му станува јасно дека нема што да се разбере, дека сите восложнувања се всушност измислени, и дека сето тоа е еден вид на магла што ние ја измислуваме, како би ги прикриле своите гревови и би го избегнале соочувањето со нив. Проблемите на современата свест на младите луѓе честопати се потполна глупост. Постојат два извора на гревот: телото и гордоста. А луѓето тоа честопати се обидуваат да го прикријат со восложнувања кои изгледаат некако убаво и длабоко („тој и тој има големи проблеми…“). А на човека му е лесно да најде духовни „водачи“ подготвени да ги решат тие проблеми, воглавно, бескрајно зборувајќи за нив. Но, вистината е многу поедноставна: телото и гордоста. Тоа се клучевите на сите проблеми и потешкотии, тоа е коренот на бескрајните разговори, шепотот за време на досадните исповеди, сите интроспекции и морбидно себеугодување. Христијанството не е „ефективно“, не секогаш звучи онака како што треба. Неадекватноста и промашеното пастирско советување, религиозната „терапија“ е често погрешна колку и самото одбивање на човекот да се соочи со гревот. Вистинската вера секогаш се состои во израснување во добродетелта на едноставноста – радосна, целовита и ослободувачка. „Проблеми“, „потешкотии“, „восложнувања“ се тривијални изговори на човекот кој е восредоточен на самиот себе и е вљубен во сликата создадена за самиот себе, како за сложен и напатен човек.

Извадок од дневниците на отец Александар Шмеман

Оставете коментар

1 Comment on "Александар Шмеман: Вистината е многу едноставна"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Авторот е добитник на Пулицеровата награда, и син на блаженоупокоениот протопрезвитер Александар Шмеман. […]

wpDiscuz