Видео приказна за Петар и Февронија

„Ова се случува толку одамна, кога дури ни цареви немало. Со градот Муром владеел принцот Павле и принцезата Марија. Павле имал помал брат – Петар, весел принц, кој сакал да јава коњи, кого другарите го сакале, играле со него, а и сакале да си играт и со девојките, но, девојките не секогаш ги разбирале нивните шеги, па ги прскале со вода. Павле, пак, цело време се занимавл со владеачките работи, тргувал, купувал работи и дома пристигнувал многу доцна. Жена му Марија го чекала и го чекала, но тој работел и работел… И така, наеднаш во градот се појавил змеј, непријател на човекот. Змејот, летал, летал и се мислел што лошо да им направи на луѓето.“

Понатаму приказната вели дека змејот ја грабнал принцезата Марија, но помалиот брат, поучен од ангел, го победил змејот. Сепак, тој би отруен од змејот. Сите лекари од светот не можеле да го излечат, освен една селска девојка Февронија. Таа го излечила, а за возврат побарала тој да ја земе за жена. Но, кога се излечил, заборавил на сè и се радувал дека нема да се жени. Сепак, една дамка од болеста останала на неговото тело. И повторно, тој паднал на смртна постела. Се покајал, се вратил, Февронија прифатила повторно да го лечи, но, сега Петар, го исполнил ветувањетно.

За време на нивната свадба, принцот Павле починал. Според пропишаните закони, на власт дошол Петар. Тој за сите одлуки се советувал со Февронија. А принцезата Февронија, била многу гостољубива и милостива. Поради сето тоа, болјарите станале љубоморни. Еден ден дошле и ѝ понудиле сè за да замине од власт. Таа се согласила. Го зела принцот и заминале далеку со брод. Болјарите почнале да се борат меѓусебно за да ја грабнат власта. На бродот, пак, на еден женет човек му се допаднала принцезата Февронија. Таа ги сфатила неговите помисли и му рекла: „напиј се вода од еднава страна, потоа од другата страна на бродов. Дали е иста водата? “. Мажот одговорил: „иста е“. Принцезата му рекла: „И ние сме така исти. Зошто ја забораваш својата жена и мечатаеш за друга?“.

Ноќта пред да легнат, Петар бил натажен што го оставил својот град, а жена му го утешила, велејќи му да легнат мирно да спијат, а за останатото ќе се погрижи Бог. Утредента дошле болјарите и го замолиле принцот да се врати, бидејќи се испотепале еден со друг. Петар и Февронија им простиле на болјарите, се вратиле и целиот живот им помагале на гладните и болните. Тие многу се сакале еден со друг. Кога остареле, станале монаси. И кога дошла смртта, не се разделиле, бидејќи заедно се упокоиле. И до ден денешен тие се заедно на небесата. Затоа тие станале свети. Тие се покровители на бракот.

Режија: Надежда Михајлова

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz