Најубавата жена: „За тебе, бебе“

Видео сторија изработена според вистинска случка. Ај и нејзиниот сопруг долги години се обидувале да зачнат дете. Најпосле им успеало. Само, во овој случај, заедно со добрата, добиле и уште една, лоша вест. Имено, на Ај ѝ било дијагностицирано канцер.

Се наоѓале пред одлучувачки избор: веднаш да се започне со хемотерапија и потенцијално да се загрози животот на бебето, или да се причека до породувањето, па дури потоа да се започне со хемотерапија (што би ги намалило шансите за успешност на хемотерапијата)?

Идната мајка ја носи жртвената одлука, одлуката на љубовта: „Ќе го направам ова за тебе, бебе.“ А нејзиниот сопруг заклучува: „Никој не знае колку е Ај храбра. Никој, освен мене.“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz